вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

„Царовска нема концепт како ќе се дојде до подобро образование, дополнително бришењето на предметот историја се случува кога се негира нашиот идентитет, јазик и историја“

„Царовска нема концепт како ќе се дојде до подобро образование, дополнително бришењето на предметот историја се случува кога се негира нашиот идентитет, јазик и историја“

Денешната прес конференција на министерката Мила Царовска, во која покрај неа, беа наредени и сите друди функционери од Министерството за образование и наука и од Бирото за развиј на образованието, како и група екоерти, веројатно за да и дадат сила и самодоверба на министерката, не понуди ни еден додатен елемент од она што беше презентирано минатата недела. Во оваа концепција која всушност претставува само некаква драфт верзија има многу недостатоци и нејаснотии, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Беше потенцирана потребата од реформа и дека концепцијата ќе обезбедела учениците кои ќе го завршат основното образование ќе имале европски компетенции и вештини. За тоа како тоа ќе се постигне немаше релевантно објаснување, освен  дека тоа ќе се постигне со интегрирање на предмети и усогласување на наставни програми, теми и наставници. Не стана збор за континуирана поддршка на наставниот кадар од релевантни институции, не стана збор за активација на службите за професионален развој на детето, што е неопходно бидејќи во концепцијата се предвидуваат изборни предмети од најмала возраст, не стана збор за можностите на училиштата да спроведуваат ваква настава и многу други битни елементи. Се изјави дека училиштата треба да станат пожелни простори за учениците, но како тоа ќе се постигне не се појасни, велат во реакцијата од комисијата.

Од таму додаваат дека во концепцијата се бришат изборните предмети кои се групираат во природни науки и општествени науки. Тоа значи дека нема физика и хемија, интегрирани се, но нема ни историја и тоа во ваков момент на историски настани за Македонија кога се негира идентитетот, јазикот и историјата на нацијата, а целата концепција се прави со цел учениците да имаат функционално знаење, соодветно на општествените збиднувања  и реалниот живот.

-Нешто тука е контрадикторно. Со оглед дека стана збор за јазиците, го прашуваме целиот тим, зошто учениците од помалите етникуми во Македонија не учат македонски јазик од прво одделение? После оваа прес конференција, со прилично несигурен настап и на Министерката и на другите учесници, а и според бурните реакции на бројни релевантни институции, граѓани и родители, најдобро би било целата концепција да се повлече и да се почне со креирање на друга, но после навистина спроведени консултации со сите релевантни фактори во образованието, велат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус