понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Царовска молчи, Д-р Нелоска порачува „Вклучете го алармот“

Царовска молчи, Д-р Нелоска порачува „Вклучете го алармот“

Д-р Нелоска прво како доктор, а потоа и како жител на Општина Ѓорче Петров, со конструктивен статус на социјалната мрежа Фејсбук апелираше за подигнување на нашта свест околу високата загаденост во воздухот. Интегрално го пренесуваме целиот Фејсбук статус:

Општина Ѓорче Петров,од една од најчистите и најздравите општини во Скопје, нешто со што ѓорчепетровци се гордееја, деновиве е НАЈЗАГАДЕНА ВО СВЕТОТ!!!

Што се случува?

Како е тоа можно?

Што е поразлично од претходно?

Неопходна е ургентна акција од СИТЕ!!! Пред се од локалната власт, здравствената власт, Владата, здравствените работници и од секој граѓанин на Македонија. Недозволиво е во 21 век да се има средновековна здравствена свест и култура. Хигиената не подразбира само лична хигиена, од неа се почнува во раното детство за потоа да се развие во свест за општото здравје, здрави животни навики и здрава животна средина. Доколку не реагираме, СЕКОЈ ОД НАС, доколку чекаме некој друг да превземе акција, одговорноста ја имаме секој поединечно. НИЕ, граѓаните ги овластуваме властите да ги превземат неопходните мерки и да ни обезбедат квалитетни услови за ЖИВОТ. Доколку тие не си ја извршуваат својата работа, сите ние, граѓаните, мора да ги потсетиме зошто се таму каде што се.

Податоците од Светската Здравствена Организација се застрашувачки. Загадувањето на воздухот е главна причина за с*рт и заболувања на глобално ниво. Здравствените ефекти се движат од зголемен број на приеми во болница и посети во ургентните центри, до зголемен ризик од предвремена с*рт.

Околу 4,2 милиони предвремени смртни случаи на глобално ниво се поврзани со загадување на амбиенталниот воздух, главно од срцеви заболувања, мозочен удар, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), рак на белите дробови и акутни респираторни инфекции кај деца.

Загадувањето е причина за с*рт и заболување на:
29% од карцином на белите дробови
17% од акутна инфекција на долниот респираторен систем
24% од мозочен удар
25% од исхемични срцеви заболувања
43% од ХОББ.

Кај деца и возрасни, краткорочната и долгорочната изложеност на загадување на амбиенталниот воздух може да доведе до намалена функција на белите дробови, респираторни инфекции и влошена астма. Изложеноста на трудници на загадување на амбиентниот воздух е поврзано ниска родилна тежина, предвремено породување и раѓања на многу мала гестациска возраст. Новите докази покажуваат дека загадувањето на амбиентниот воздух може да влијае на појава на дијабетес и невролошки заболувања кај децата.

Затоа СЗО препорачува гајдлајни со препораки што да се превземе за да се намали и спречи загадувањето. Ако до сега одговорните не биле информирани еве го линкот.

https://www.who.int/airpollution/guidelines/en/

ВКЛУЧЕТЕ ГО АЛАРМОТОпштина Ѓорче Петров,од една од најчистите и најздравите општини во Скопје, нешто со што…

Gepostet von Lenche Neloska am Donnerstag, 31. Oktober 2019

Коронавирус