понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 142
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Царовска ја пиратирала платформа со која се фали (ФОТО)

Царовска ја пиратирала платформа со која се фали (ФОТО)

Пред четири дена  министерката за образование Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ја промовираа Националната платформа за онлајн учење и на прес-конференцијата истакнаа дека истата „ја креирале“ со домашни ресурси и експерти. Дека не станува збор за ново креирана платформа за учење може да се види ако се спореди постоечката платформа за учење Мудл креирана во 2001 година од професорот Мартин Дагиамас.

Имено платформата Мудл (Moodle), е платформа за учење дизајнирана да им обезбеди на наставниците, администраторите и учениците единствен робусен, безбеден и интегриран систем за создавање на персонализирани средини за учење.

На веб страницата на платформата стои дека софтверот врз кој што се базира оваа програма може бесплатно да се превземе, како и тоа дека е отворен систем кој се користи за мешано учење, за далечинско образование и останати проекти за е-учење во училиштата, универзитетите и останати.

НИТУ Е НАЦИОНАЛНА, НИТУ Е НОВА ПАЛТФОРМАТА

Оттука Царовска нема направено нова Национална платформа за учење,  значи ниту „национална“, ниту пак „нова“ платформа за учење, туку само копи-паст преземена готова технологија која е слободна за употреба, која експертите на кои таа се повикува, не ја креирале, туку ја преземале за користење. Ова може да се види во фотографијата дека ако ги споредите двете веб адреси, експертите на Царовска дури ни логото на постоечката платформа не го имаат променето.

Може да се увиди исто така дека за потребите од видео конференција на самата платформа за учење се користи Мајкрософт тимс, што значи исто така готова технологија од Мајкрософт корпорацијата која е постојана платформа за соработка базирана за разговор,состаноци и споделување на документи преку интернет. Во принцип за истово никој ништо не направил во министерството, туку искористил веќе готова технологија.

Од пробниот училишен час кој го презентираше на прес конференцијата министерката Царовска, можеше да се увиди дека самата апликација која се користи сеуште не е ни преведена до крај, па имињата на некои од учениците беа сеуште на латиница.  Дека часот беше фингиран може да се забележи по тоа што сите оние кои учествуваа во истиот споделувањето го правеа толку лесно како секој ден да работат со тоа.

БРЗА ОБУКА

Деновиве во тек е обука за наставниците кои за три дена треба да научат како да ја работат преземената платформа, иако таа не е ни најмалку лесна за користење, затоа што материјалите кои треба да се доставуваат и одредени делови од платформата треба со време да се научат, а за тоа се нема доволно време, затоа што тек следи обука на сите останати наставници кои треба да учат од нив,  се дел од нивните коментари.

Проблеми има многу, се повеќе родители во јавноста се жалат и се обраќаат до министерката Царовска  дека нивните деца немаат соодветни компјутери со карактеристики кои оваа програма за учење ги бара, а  тие не можат да си дозволат да набават нови компјутери за своите деца. Проблем е исто така и нивното седење дома доколку се одлучи да се следи наставата онлајн, затоа што родителите се на работа, а децата би биле оставени сами да учат онлајн.

Коронавирус