понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Царовска да ги поддржи измените на законот предложени од ВМРО-ДПМНЕ и да покаже разбирање за проблемите на матурантите – повикуваат од партијата

Царовска да ги поддржи измените на законот предложени од ВМРО-ДПМНЕ и да покаже разбирање за проблемите на матурантите – повикуваат од партијата

Не е точна изјавата на министерката Царовска дека нема друга опција во однос со проблемот со матурата. Опцијата е да ги поддржи измените на законот кој се предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои во целост ги содржат барањата на матурантите. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за измени и дополнување на Закон за средно образование. Овој предлог закон е производ на барањата на матурантите, кои беа разгледани на заедничката средба помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и матурантите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивните барања, а и предлог законот доставен до Собранието, не се за укинување на матурата, туку за намалување на предметите за полагање на матура оваа учебна година.

Учениците, заради неспособноста на оваа власт, оваа учебна година се соочија со низа на проблеми за одвивање на наставата. Задоцнетото започнување на учебната година, немањето на концепт за онлајн или физичко присуство на наставата, илјадници ученици немаа услови за следење на онлајн настава, се само дел од причините за прифаќање на барањата на матурантите.

Ги повикуваме сите парламентарни партии  во Собранието на Македонија, да ги прифатат предлог измените на Законот за средно образование, бидејќи тие измени се барања на матурантите.

Ја повикуваме министерката да ги прими и сослуша матуранти, и нивните реални барања да бидат прифатени“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија