четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Цанчев: Македончиња со “б’лгарски происход” учат да ги мразат Бугарите

Цанчев: Македончиња со “б’лгарски происход” учат да ги мразат Бугарите

Неверојатна дипломатска изјава на бугарскиот амбасадор во седиштето на ЕУ во Брисел.

Амбасадор Цанчев тврди дека децата што посетуваат настава во земјава се македонски ученици со бугарска етничка припадност.

Според бугарскиот дипломат целта на Бугарија е во поглавјето 35 од преговорите со ЕУ Бугарија да добие “ефективен механизам” за контрола и влијание врз преговарачкиот процес, за да се гарантира спроведување на “Договорот за добрососедство”.

“Тој договор не се исполнува од земјата кандидат, затова сме во оваа ситуација. Основни клаузи в тој договор се поврзани с историјата. Тоа е така, затоа што државната доктрина на кандидатот е базирана на манипулирање на историјата за сметка на соседните држави. Тоа беше и основен проблем за името со Грција. Таа фалсификувана историја е присутна во учебниците, преку неа македонските деца од бугарски етничка припадност (происход) се воспитуваат веќе неколку поколенија по ред со омраза кон Бугарија и Бугарите”, посочува Цанчев во изјавите.

Локални избори 2021