понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 11
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Цана во „Клик плус“: Како ако институциите ги преземаат сите мерки, заразената жена со корона успеа да влезе на Табановце!?

Цана во „Клик плус“: Како ако институциите ги преземаат сите мерки, заразената жена со корона успеа да влезе на Табановце!?

Инфектологот Фадил Цана во синоќешната емисија „Клик Плус“ на ТВ21, запраша како доколку надлежните институции како што велат дека се преземаат соодветни мерки против коронавирусот, како е можно пациентот да поминал на граничниот премин Табановце и да не е забележан!?

Цана, кој инаку е дежурниот лекар од Инфективна клиника кога се правеше тестирањето на првиот сомнителен случај со корона вирус, истакна дека може да се забележи дека во последниве два дена надлежните институуции имаат различен пристап кон состотбата со вирусот. Тој го запраша заменик министерот за здравство, Арменд Аслани кој учествуваше во емисијата, дали е потребно да се чека ситуацијата да ескалира за да се прогласи одредена состојба, мислејќи на прогласување на епидемија, со цел да се спречи што е можно негово поголемо ширење.

– Јас гледам дека последните два дена, последниве 48 часа пристапот на надлежните органи, конкретно на Министерството за здравство и координативното тело е поинаков. Поентата не е начинот на кој ние треба да се однесуваме за да ја смириме јавноста, туку кој треба да биде сериозниот пристап на државните институции. Јас целосно се согласувам со оние правила во случај ако се прогласи друга ситуација, но се поставува прашањето дали ние навистина треба да чекаме ситуацијата да ескалира, рече инфектологот Цана.

Тој потенцираше дека во моментот додека тие разговараат се вршат испитувања за корова вирус кај три лица.

Парламентарни избори 2020