среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 20
home Вести

Цана: Освен Филипче одговорност за во Тетово треба да понесат и сите други надлежни

Цана: Освен Филипче одговорност за во Тетово треба да понесат и сите други надлежни

Јас да бев министер за здарсвтво и да имашее ваков случај како оној со Тетово каде изгоре модуларната болница ќе постапев професиолано и ќе поднесев оставка. Но, кај нас одат наопаку работите, ако некој има чувство на одговорност би дал неотповиклива оставка, рече доктор Фадил Цана од Клиниката за инфективни болести во гостувањето на емисијата Што не е јасно што се емитува на Алфа телевизија.

Според него по министерот одговорност треба да сносат и сите надлежни во Клиничката болница Тетово.

„Сите кои се дел од синџирот на управување треба да поднесат или оставки или да бидат разрешени“, вели Цана.

Петицијата за поддршка на министерот е од директорите, вели доктор Цана, и додава дека вработените немаат ништо со тоа.

„Прво да за да се донесе заклучок кој нема да е под влијание на лицата кои се на функција тие треба да заминат. Значи сите по ред, во спротивно нема објективно ништо. Не треба да се чека оставка од директорот, туку треба да се разрешат. И не само од директор, туку и сите по линија кои се надлежни“, рече Цана.

Доктор Цана вели дека сведоштвата се доволен доказа за тоа што навистина се случувало во модуларната во Тетово.

„Не може да се тера пиар мора да се земат во предвид сведоштвата, а факт е дека освен пациенти, таму имало и роднини на пациентите. Тоа практично било жариште од каде се ширела инфекцијата. Самиот момент е трагичен. За тоа мора да се сноси одговорност и тоа се дупки во здравствениот систем кој не профункционира и по две години од короната“, вели Цана.

Локални избори 2021