петок, 4. декември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Бузалковска: Годишна програма на проекти од национален интерес во културата по мене, сè уште скандалозна

Бузалковска: Годишна програма на проекти од национален интерес во културата по мене, сè уште скандалозна

За оние кои сè уште не виделе, излезе „ревидираната“ Годишна програма на проекти од национален интерес во културата. По мене, сè уште скандалозна. Освен корекциите на кардиналните грешки и на катастрофалните одлуки во неколку случаи, сето друго е токму како што предвидов – забошотување, „затнување усти“, пополнување дупки, залажување, тивка уцена на оние кои сакаат нивните институции да продолжат да постојат и проектите сепак да бидат реализирани, како-така. Во најголемиот број случаи, промените се состојат во дополнување на проекти и средства, наместа претумбување во договор со институциите и исправка на некои превиди, објави на својот Фејсбук профил Зоја Бузалковска.

Коронавирус