сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 66
home Вести

Бузалковска: Асаф  Адеми мора да си поднесе оставка, ако сам не го направи тоа, тоа треба да го направи оној кој го назначува

Бузалковска: Асаф  Адеми мора да си поднесе оставка, ако сам не го направи тоа, тоа треба да го направи оној кој го назначува

Режисерката Зоја Бузалковска во своето гостување на Топ Тема посочи дека со оглед на големиот број скандали кој го тресат министерството за култура, министерот Асаф Адеми досега требаше да си поднесе оставка. Ако тој не ја превзема сам одговорност, тогаш оној кој што го поставува треба самиот да му ја врачи оставката, додава таа. Претходно театарскиот режисер Зоја Бузалковска поднесе оставка од советот за култура поради годишната програма на министерството за култура. Во писмото кое го испрати до премиерот Зоран Заев, Бузакловска истакна  дека министерот не смее да избира и да поставува директори на институциите од културата, бидејќи тоа во изминативе речиси две децении се прави по партиски клуч.

-Мислам дека ако толку скандали се случат во вашиот ресор, она што прво треба да го направите е да си поднесете оставка или барем да земете комплетна одговорност на себе си. Во случај кога тоа не го прави министерот  од ресорното министерство тогаш мислам дека се знае кој би требало да го повлече тој потег, односно оној кој што го назначува. Не се работи за едно, две или три незадоволства, јас нели тргнав од личното незадоволство и бев фрапирана навистина мислев дека се работи за грешка, за формалност. Бев фрапирана кога од сите страни рипнаа да речам дејците, уметниците од културата, институциите со разни типови на незадоволство. Почнувајќи од тоа кој проекти се одобрени , а кој не се, продолжувајќи со распределбата на буџетските средства во смисла на тоа дека постојат преценети институции, виза-ви потценети институции во финансиска смисла на зборот. Постојан преценети проекти, виза-ви потценети проекти во смисла на учинок во претходната или претходните години. Бидејќи мислам дека тоа е многу важно, вели Бузалковска.