сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 63
home Вести

Бура реакции по објавата на Филипче за состојбата во болниците во државата

Бура реакции по објавата на Филипче за состојбата во болниците во државата

Бура реакции на социјалните мрежи по објавата на статусот на министерот за здравство Венко Филипче за координацијата со директорите на Клиниките каде се разговарало за болничките капацитети, состојбата на болните, и актуелната епидемиолошка состојба.

„Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба. Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме“ напиша Филипче на социјалните мрежи.

По оваа објава следуваа бура реакции на граѓаните кои се незадоволни од состојбата во здравството и справувањето со ковид пандемијата како и барање за одговорност за трагедијата во Тетово.

„Ниту имаш образ, ниту имаш чест и достоинство. А и рацете ти се крвави. Ама кармата е опасна работа“ -гласи еден од коментарите на објавата од Филипче.

Незадоволството од скорашната трагедија во Тетово граѓаните го искажаа во коментари каде што не штедеа зборови на сметка на министерот Венко Филипче.

„Кога веќе се понашате како ништо да не се случило, барем некој да ни каже дека “оставката” не е прифатена!“ -коментар од граѓанин на објавата на Филипче. Под објавата на минстерот за здравство Венко Филипче граѓаните бараат одговорност и заштита на граѓаните во безбедни објекти каде што ќе има услови за лекување на пациентите од ковид 19.

„Ги преместивте пациентите од останатите крематориуми во безбедни објекти“ коментар на граѓанин.

„Абре како не те страм уште да се појавуваш во јавност“ „Уште си министер? Нели даде оставка?“ се само дел од коментарите на револтирани граѓани кои бараат одговорност од Филипче.

 

Коронавирус