недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бунт на граѓани кои се сместени во карантин во хотелот “Дрим” во Струга, тие заглавени во собите чекаат властите да им обезбедат превоз до нивните домови

Бунт на граѓани кои се сместени во карантин во хотелот “Дрим” во Струга, тие заглавени во собите чекаат властите да им обезбедат превоз до нивните домови

Вечерва на Алфа телевизија во емисијата “Заспиј ако можеш” во живо од хотелот “Дрим” се јавија граѓани, повратници од Германија, кои доживуваат голгота откако се во карантин. Денеска попладне се случил и инцидент пред хотелот, кога една група на луѓе кои престојуваат во карантинот имале сериозен проблем со претставници на македонските власти, на прашање како да се вратат до своите домови. Сега тие неможат да се вратат дома затоа што некој ќе треба да дојде и да ги земе, а голем број од нив нема кој да ги земе и вториот проблем е што тие што ќе дојдат потоа ќе треба заедно со нив да одат 14 дена карантин.

Тоа се истите оние македонски граѓани на кои, откако се качиле во авионот од келн за Скопје им било наредено да потпишат извршно решение дека картата на летот чини 40 илјади евра. Од без пари карта, властите во Македонја им соопштуваат дека таа ќе изнесува 110 евра, за да на крајот откако се качиле во авионот, на свршен чин добиваат информација од македонските власти дека картата е 225 евра. Сите патници, сакале несакале го потпишале решението.

-Не качија во автобуси од Скопје до хотелот “Дрим”. Штом не носеа во Дрим, зошто тогаш не не слетаа на аеродромот во Охрид. Кај во авионот бевме 180 души еден до еден залепени, па во автобусите уште толку набиени еден до друг патувавме 200 километри. Е, сега една друга работа што се случува во хотелот. Еве јас имам цимер во собата. Правиме муабет за карантин, а јас делам соба со друг човек. Од кај да знам дека тој беше здрав кога не ставија во заедничка соба?, вели повратникот од Германија кој веќе 14 дена се наоѓа во карантин во хотелот Дрим.

Коронавирус