среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 27
home Вести

Бугарското Собрание со декларација за Македонија пред доделувањето на датумот

Бугарското Собрание со декларација за Македонија пред доделувањето на датумот

Бугарското Собрание изгласа декларација со која Бугарија и дава целосна поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ, се наведува во Предлог-декларацијата на бугарското Народно собрание посветена на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Албанија.

Скопје се повикува да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја договорот за добрососедство и се посочува дека Бугарија „се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“.

Се повикува заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања да дојдат навремено до решенијата кои потоа би се имплементирале во училишните програми и материјали.

Постои и предлог-декларација за Албанија од која се бара гарантирање на правата на бугарското малцинство во Голо брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан и Кукс.

Врз таа основа и во вакви услови 44. Народно собрание на Република Бугарија го поддржува започнувањето на претпристапните преговори на ЕУ со Република Македонија и Република Албанија, се потенцира во Предлог-декларацијата.

Коронавирус