четврток, 4. март 2021. Вести денес: 147
home Вести

Бугарскиот новинар Нешков контра Заев: Голема лага е дека би се решиле проблемите по изборите во Бугарија

Бугарскиот новинар Нешков контра Заев: Голема лага е дека би се решиле проблемите по изборите во Бугарија

Бугарскиот новинар и сопственик на БГНЕС, Љубчо Нешков, кој имено го спроведе критикуваното интервју на премиерот Зоран Заев, вечерва на емисијата „Трилинг“ во 24 Телевизија истакна дека политичарите треба да ги решаваат проблемите независно од тоа кога и дали ќе има избори во Бугарија, кои може да бидат во март, но може да бидат и во мај месец.

-Решението на проблемите помеѓу Скопје и Софија не зависат од изборите, каде се спомнува датум за избори во Софија при крајот на март, но се спомнува и при почетокот на мај месец, така да политичарите треба да ги решаават проблемите не дали ќе има избори или после изборите, тие се луѓето кои треба да работат на создавање перспектива на двете држави, вели Нешков.

Нешков вели дека голема лага е дека би се решиле проблемите помеѓу Скопје и Софија, откако ќе се случат изборите во Бугарија.

-Проблемите не зависат од изборите. Политичарите ги избираме за да ги решааваат прашањата, а не да измислуваат и да се прават патриоти, како и да бранат нешто кое никој не сака да им го земе, посочи Нешков.

Ваквите изјави на бугарскиот новинар одат во спротивност на она што премиерот Заев го изјави во едно свое интервју дека причина за острата реторика од страна на Бугарија и блокадата која ни ја наметнаа на патот кон Европската Унија, се изборите кои напролет го очекуваат нашиот сосед, поради што, за жал, некогаш се прават и нерационални потези.

Премиерот исто така во неколку наврати потенцираше дека се очекува значителен напредок во спорот со Бугарија, откако ќе поминат изборите таму.

-Ќе продолжат и политичките контакти под раководство на двајцата министри за надворешни работи и реално очекувам напредок по завршување на изборите во Бугарија, затоа што е нерационално да се очекува да се донесе некое решение пред изборите, посочи Заев во одговор на новинарско прашање по отворање на новата канцеларија на Државниот пазарен инспекторат во Тетово, пред неполн месец.

Оваа изјава на Заев, вечерва Нешков ја карактеризираше како голема лага, затоа што проблемите меѓу Софија и Скопје не зависат од изборите во Бугарија.

Коронавирус