среда, 2. декември 2020. Вести денес: 214
home Вести

Бугарска министерка со ново понижување за Македонија: Јазикот им е западнобугарски дијалект, само додале некој збор од друг сосед

Бугарска министерка со ново понижување за Македонија: Јазикот им е западнобугарски дијалект, само додале некој збор од друг сосед

Екатерина Захариева, бугарската министерската за надворешни работи во своето последно интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.

-Ние имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес, кажа Захариева.

На новинарското прашање дали тука треба да се додаде и македонскиот јазик, Захариева одговори дека оваа тематика е поврзана.

-Да, и јазикот, тоа е се поврзано. Толку документи има. Напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик, истакна Захариева во интервју за бугарската телевизија Канал 3.

Коронавирус