четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бугарија требало да ни даде 100 дози од вакцините против Ковид-19 за само 50 луѓе!?

Бугарија требало да ни даде 100 дози од вакцините против Ковид-19 за само 50 луѓе!?

Дали вакцините против корона вирусот, кои требало да ни ги донира Бугарија и со кои се фалат преставниците на Владата, се во износ од само 100 дози, со кои можат да се вакцинираат само 50 лица?!

Ова го обелодени премиерот на Албанија, Еди Рама во негово синоќешно телевизиско гостување, каде што образложуваше како се одвива и како понатаму ќе се обвива процесот на вакцинација во Албанија.

По многуте критики кои што ги доби, дека дека дозите на антиковид вакцините, кое се во износ од околу 1000, биле многу малку и со нив можело да вакцинираат само 500 албански граѓани, Рама одговори дека и тоа е за пофалба, затоа што Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. При што потенцираше дека Македонија, иако добила ветување од Бигарија дека ќе и донира 100 дози од првата пратка вакцини која ќе стигнела кај нив, а и истите сеуште не и се дадени.

„На Македонија 100 дози требаше да и даде Бугарија и истите сеуште ги нема добиено“, рече Рама, бранејќи се од аналитичарите кои го напаѓаа за малиот број дози вакцини кои како донација ги добила Албанија од земја членка на Европската унија, а при тоа таа земја не е Грција.

Инаку, Албанија неделава почна со вакцинација против вирусот Ковид-19, а оние кои се вакцинираат се вработените во Ковид болниците и старите лица на 75 години. Премиерот Рама беше првиот кој во Албанија ја прими вакцината.

Коронавирус