сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 38
home Вести

Бугарија со поддршка за Заев, тој отворен за трговија

Бугарија со поддршка за Заев, тој отворен за трговија

Локалните избори кои утре се одржуваат во Македонија со нетрпение се очекуваат во Бугарија. Тамошните партии, но и претседателот Румен Радев се со изразена поддршка на Зоран Заев и СДСМ. Потег кој сосема е очекуван имајќи предвид дека Заев е единствениот кој има дадено ветувања во Бугарија.

Тие ветувања на Заев дадени во Бугарија, но и неговите последни изјави во однос на проблемот кој го наметнуваат нашите соседи се причината зошто тој ја има нивната поддршка. Иако ова се локални избори, пораз на Зоран Заев ќе значи можност за предвремени парламентарни избори, а со тоа и можност да ја загуби и централната власт. Тоа се разбира не им одговара на политичарите во Бугарија имајќи предвид дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е против преговори за идентитетските прашања и бара Македонците да бидат внесени во бугарскиот Устав. Таквиот став е неприфатлив во Бугарија која ја негира македонската нација и не признава македонско малцинство.

Но, во Македонија има друг политичар кој нема проблем да се пазари со македонските и државните интереси. Тоа го видовме уште со т.н. Договор за добрососедство и пријателство кој стана основа за сите понатамошни бугарски услови и блокади во ЕУ.
И дека останувањето на власт на Заев и одговара на Бугарија може да се забележи од барањата на бугарскиот претседател Радев за тоа да Бугарите бидат ставени во македонскиот Устав, нешто што Заев веднаш го прифати.

Понатаму, Бугарија ја му ја дава поддршката на Заев и поради фамозниот патоказ кој во Македонија никој не го видел, а Бугарија го очекува со еуфорија. Во таа насока се и изјавите на Заев кој вели дека можно е решение и верува во решение, а според тврдата позиција на Бугарија, тоа решение во овој момент е можно само ако Македонија попушти.

Понатаму од јавните изјави на Заев може да се забележи дека прифаќа фалсификување на историјата и менување на учебници и споменици, согласно бугарските барања. Друго што може да се забележи дека не му смета што Бугарија признава македонски народ и јазик само од 1944 година, како што Бугарите велат „вештачка творба на Тито“.

И ако се има предвид дека Заев сака до декември проблемот да биде решен, Бугарија би го дочекала со раширени раце. И доколку сега загуби ќе има простор за предвремени избори, па тогаш нема да може лесно да се откаже од државните интереси. Во овој момент сите партии кои претендираат на власта во Бугарија како ГЕРБ, БСП и Има таков народ се надеваат на брзо решение, а брзо решение е можно само ако Македонија ги прифати бугарските услови.

Оттаму јасно е зошто сите политички субјекти во Бугарија се со отворена поддршка на Заев, бидејќи само тој е отворен за трговија со македонските државни и национални интереси.

Коронавирус