среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Бугарија од август го поевтинува роамингот за Македонија

Бугарија од август го поевтинува роамингот за Македонија

Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски.

Тој очекува наскоро поевтинување на роамингот и за останатите земји од Западен Балкан.

Московски информира дека мобилните оператори од Бугарија, Македонија и Србија веќе активно работат на потпишување спогодба.

– Активностите течат во координација со бугарската еврокомесарка Марија Габриел која беше иницијатор за пониски цени за роамингот во регионот, истакна бугарскиот министер за транспорт.

Во февруари годинава беше потпишан меѓувладин Меморандум за намалување на цените на роамингот за државите од Западен Балкан, што отвори можност мобилните оператори да почнат разговори за постигнување меѓусебен договор околу намалување на цените. Пониски цени за телефонските разговори меѓу државите од Западен Балкан и од ЕУ е еден од приоритетите на бугарското претседавање со Унијата.

МИА

Коронавирус