среда, 2. декември 2020. Вести денес: 176
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Бугарија ги отвори границите за македонските државјани, еве што е потребно за влез во земјата

Бугарија ги отвори границите за македонските државјани, еве што е потребно за влез во земјата

Бугарската влада направи отстапки од препораката на Европската унија и за граѓаните на пет земји, вклучувајќи ја и Македонија, од денеска им се дозволи влез во Бугарија, под услов да приложат негативен корона тест. Ова е одлуката што е донесена на последната владина седница.

-По молба на туристичкиот сектор ќе биде дозволен влез во земјата со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа за туристи од Молдавија, Израел, Србија, Кувајт и Северна Македонија“, соопшти Валери Симеонов, заменик спикер на Националното собрание.

Макдонските граѓани негативниот тест ќе треба да го прикажат на самиот влез во Бугарија. Со оваа одлука летовалиштата на Бугарија покрај албанските, се уште една можност за планирање на одморот. Дополнително, бугарската влада во објавените мерки, објави субвенционирање за чартер летовите, кои ќе носат туристи со 35 евра по човек.

Практично, тоа значи дека ако четиричлено македонско семејство сака да летува во Бугарија, ќе треба да потроши дополнителни 10.000 денари за тестови.

Грција неодмна ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули.

Коронавирус