сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Бучковски: Разочаран сум од власта што и после две и пол години не гледам сериозни промени во правосудството

Бучковски: Разочаран сум од власта што и после две и пол години не гледам сериозни промени во правосудството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“, професорот Владо Бучковски зборуваше за промената на власта која беше под слоганот ако нема правда нема мир и дека после 2 и пол години откако оваа власта ја презема СДСМ,нема никакви промени во правосудството.

-Промената на власта се случи под слоганот, ако нема правда, нема мир. Јас затоа сум сега разочаран веројатно како многумина граѓани во Република Македонија што и после 2 и пол години не гледам сериозни промени во правосудството. Најлесно е да се каже дека се зависи од оние кои добија алатки да се борат, да имаат многу поефикасен систем кој ќе овозможи во Република Македонија да владее правото. Слушам како министерот за правда вели, ние како влада направивме се, сега имплементацијата зависи од судиите, од обвинителите, сите оние кои се дел од правосудниот систем. Но тука според мене е најголемиот проблем, истакна Бучковски.

Тој во своето гостување додаде дека за да се спроведат реформи во правосудството и да се врати владеењето на правото во Република Македонија потребно е да се направи промена на судиите и обвинителите.

Најнови вести

Коронавирус