петок, 29. јули 2022. Вести денес: 144
home Вести

Бучковски: Борисов демонстрира лидерство и пријателство кон Македонија

Бучковски: Борисов демонстрира лидерство и пријателство кон Македонија

Бојко Борисов денеска демонстрираше лидерство и пријателство кон Македонија, изјави поранешниот македонски премиер и поранешен специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски по одлуката на Борисов неговата партија во Бугарското собрание да даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

-Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас, изјавил Бучковски во изјава за „БГНЕС“.

Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

Коронавирус