четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 179
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

home Вести

Бубрезите на починатата Емилија трансплатирани кај двајца пациенти, тие се во стабилна состојба

Бубрезите на починатата Емилија трансплатирани кај двајца пациенти, тие се во стабилна состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.

Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45-годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.

На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.

Парламентарни избори 2020