недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 13
home Вести

Брзата помош Скопје, од 2016 на пет пунктови нема амбулантни возила

Брзата помош Скопје, од 2016 на пет пунктови нема амбулантни возила

Брзата медицинска помош во Македонија е услуга која работи во во рамките на здравствените домови, а буџетот им се одобрува од Фондот за здравствено осигурување, во зависност од медицинските тимови.

За медицински тим, годишниот буџет изнесува 170.000 денари, кој се користи за бруто плата на медицинскиот тим – лекари, медицински сестри и возачи за брза помош, како и за одржување на објектите кои се користат, амбулантните возила, медицински уреди и нафтени деривати, пишува Portalb .mk.

Во текстот стои дека од 2016 година, нема амбулантни возила на пунктовите во Ченто, Ѓорче Петров, Драчево, Петровец, во скопско Чучер Сандево, додека покривањето и обезбедувањето на здравствени услуги се обезбедени од други пунктови на итната медицинска помош.