сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

БРУКИ НЕВИДЕНИ: Заев мува не го лази- Обвинетите од Монструм насмеани си правеа селфи со Заев

БРУКИ НЕВИДЕНИ: Заев мува не го лази- Обвинетите од Монструм насмеани си правеа селфи со Заев

Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ си направија весело селфи пред Кривичниот суд додека екс премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев даваше изјава за медиумите веднаш по сведочењето во случајот Монструм.

Вчера околу 11 часот Заев влезе во судницата во новиот Основен кривичен суд, како сведок во случајот Монструм и 2 ипол часа одговараше на сите прашања за петкратните убиства.

Веднаш по сведочењето, екс премиерот Заев одговараше на прашања од новинарите, а лево од него стоеја тројцата обвинети, кои со насмевка и весели излегоа од Кривичниот суд.

Обвинетиот Хаки Азири го крена мобилниот телефон и свртен со грб кон Заев и кон новинарските екипи, си направи селфи со другите двајца обвинети, наместени за во заднината да се гледа Заев.

На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје.

Коронавирус