понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Бројот на заразени надмина две илјади: Нема забрана за движење, од утре се отвораат кафеаните

Бројот на заразени надмина две илјади: Нема забрана за движење, од утре се отвораат кафеаните

Вкупниот број луѓе кај кои е потврден коронавирусот во земјава вчера надмина две илјади, односно достигна 2014 од почетокот на епидемијата. Тие се дијагностицирани во точно три месеци откако на 26 февруари кај нас беше потврден првиот позитивен на КОВИД-19.  Оздравени се 1453, 116 пациенти починаа, а активни случаи има 445.  Ноќва што помина беше последна со полициски час кој беше воведен на 22 март.

Владата донесе одлука од денеска да престане важењето на забраната за ограничено движење, а угостителските објекти да почнат да работат од утре. За нив има прецизирани протоколи во зависност дали се затворени или имаат тераси.

Од 1 јуни 2020 ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се работа од дома, патување за работа во Скопје, организирање на работниот процес со ротации… Таа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание, носење лична заштита итн. Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка засега ќе има и за родители на деца до 10 години или деца од предшколска возраст затоа што сè уште нема одлука за отворање на градинките.

-Одлуката за попуштање на мерките е донесена врз основа на исполнети услови, анализа и стручно мислење на епидемилозите од Комисијата за заразни болести, рече премиереот Оливер Спасовски, соопштувајќи ги одлуките кои беа усвоени вчера попладне на владина седница.

Тие произлегле од две, како што ги нарече премиерот – суштински причини: првата е дека состојбата е под контрола и бројот на активни случаи е стабилен, а втората причина е поради високото стручно и професионално ниво и подготвеност со кои здравствениот систем е поставен да може успешно да одговори на предизвиците.

Претстои одлука за отворање на државните граници и Комисијата за заразни болести е задолжена од Владата да направи прецизна проценка за нивното отворање и да подготви протоколи за влез и излез од земјава. Тоа воедно ќе се однесува и на отворањето на аеродромите. Одлуката за границите, рече премиерот, Владата ја прави во координација со земјите од регионот.

-Со секоја од нив имаме одлична комуникација која најавува дека многу бргу патувањето во регионот ќе биде регулирано во интерес на граѓаните на сите земји. Второ задолжение за Комисијата е да подготви соодветни протоколи за работа на хотели и за начин на работа со посетители и за работа, рече Спасовски.

Владата на седница вчера усвои и прецизен протокол за постапување при влез во земјава на сите македонски државјани. Според него, задолжителелниот државен карантин за наши државјани кои од странство се враќаат со хуманитарни летови или со конвои се заменува со домашна изолација доколку при влегување на територијата на нашата држава приложат негативен ПСР-тест на КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава. Сите лица кои се спроведени во објекти за државен карантин, исто така, отсега ќе може на свој трошок да направат ПСР-тест во објектот каде што се сместени. Доколку резултатот е негативен, лицето ќе биде упатено во домашна изолација.

Тоа што деновиве имавме зголемен број нови дијагностицирани на коронавирус според премиерот се должи на непочитување на рестриктивните мерки од претходната фаза, но кластерите се познати. Посочи дека македонското здравство реагирало соодветно и навремено и оцени дека добро се справило со КОВИД-19, а сите одлуки на Владата, рече, се носат врз основа на стручни анализи и препораки.

Никој не може да предвиди како ќе се одвива ситуацијата и по отворање на границите и дали таа ќе остане ваква или повторно, рече премиерот, ќе бидеме приморани да воведуваме рестриктивни мерки.

-Сето тоа се прашања кои зависат исклучиво од нашето однесување. Клучна улога е почитување на мерките и колку сите ќе придонесеме да не се зголемува бројот на заразени. Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет и додека да се најде вакцина, рече Спасовски, апелирајќи дека затоа е исклучително важна заштитата – физичката дистанца и носењето заштитна опрема.

Претседателот на Комисијата за заразени болести д-р Жарко Краџовски соопшти дека не очекува зголемување на бројот на заразени, иако, рече, може да има инцидентни случаи, како што беа во изминатите денови од разни свечености на кои не се почитуваа забраните за собирања, движење и за близок респираторен контакт.

-Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола, рече Караџовски. Соопштри дека пет градови во кои има познати кластери на вирусот се држат под контрола, познати се лицата во изолација и се знаат нивните непосредни контакти во изминатите 15-ина дена.  (МИА)

Парламентарни избори 2020