понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Бројот на починати можеше да биде многу помал: Колку македонски граѓани ја загубија битката со коронавирусот од почетокот на пандемијата?

Бројот на починати можеше да биде многу помал: Колку македонски граѓани ја загубија битката со коронавирусот од почетокот на пандемијата?

Според најновиот извештај од Министерството за здравство, во Македонија од почетокот на пандемијата досега како последица од компликации од коронавирусот животот го загубија вкупно 4.742 лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.122, бројката на оздравени пациенти е 130.910, на починати е 4.742, а бројот на активни случаи изнесува 15.470, стои во објавената денешна статистика на МЗ.

Она што треба да се напомене е фактот што најголемиот број на лица настрадаа во овој трет бран кој што ја зафати Македонија. Бројот на починати можеше да биде многу помал доколку власта и Министерството за здравство со кое раководи Венко Филипче набавеа вакцини навреме, односно доколку долгонајавуваните вакцини стигнеа во месец јануари.

За жал, Македонија се уште е црна дупка на Балканот, која е на дното по бројот на вакцинирани лица во целиот регион. Она што може да се каже е дека во Македонија досега се пристигнати околу 40 илијади дози вакцини, со кои што неможе да се започне масовна имунизација, како што тврди министерот Венко Филипче.

Масовна вакцинација може да се започне само со стотици илјади вакцини и во континуитет во земјата да пристигнуваат нови дози вопоголеми количини. а со оваа бројка со која досега располага Македонија тоа неможе да се случи.

Инаку, за утре е најавено дека во земјата ќе пристигнат 200 илјади дози на вакцини одкинеската „Синофарм“.

Коронавирус