недела, 9. август 2020. Вести денес: 38
home Вести

Бројот на новозаразени зголемен за 100% во однос на вчера, а Заев ќе оди на избори по секоја цена!

Бројот на новозаразени зголемен за 100% во однос на вчера, а Заев ќе оди на избори по секоја цена!

Коронавирусот покосува низ Македонија. Драстично расте бројот на заразени лица, а секој ден има и жртви.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека има 19 новозаболени, а денес има 40 нови пациенти заразени со коронавирус.

Ова е покачување за цели 100%!

Додека бројот на новозаразени се искачува со цифри кои влеваат страв кај македонските граѓани, единствената грижа на екс-премиерот Заев е да оди на избори.

Мнозинството од народот е против идејата на Зоран Заев за брзи избори. Додека екс-премиерот размислува само како да се дограби до фотелја, граѓаните размислуваат на тоа дека брзи избори би го зголемиле бројот на заразени од коронавирус во Македонија.

Дури 74% од граѓаните се против брзи избори во време на коронавирус, а само 14% ги оправдуваат. 12% рекле не знам или не се изјасниле.

Институтот “Habeas Corpus” кој е дел од истоимената граѓанска асоцијација, разработува прашања од правниот и политички систем и направи анкета на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1 203 испитаници во периодот од 13 мај до 16 мај 2020 година.

Дури 71,8% од граѓаните рекле дека НЕМА да излезат на избори. Дали е всушност ова најголемата причина поради која Заев притиска за брзи избори?

Заев изјави дека на 21-ви јуни ќе излезе на избори по секоја цена! Таа цена ќе биде прескапа, како што тече статистиката секој ден, таа цена ќе биде голем број заразени и жртви!

 

Коронавирус