среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

„Бројката од над 6.000 заболени за три недели е последица на лошиот пристап на Комисијата од почетокот на пандемијата“

„Бројката од над 6.000 заболени за три недели е последица на лошиот пристап на Комисијата од почетокот на пандемијата“

Над 6.000 заболени за три недели. Стратегијата на Комисијата за заштита од заразни болести и власта резултира со дебакл, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта која менаџира со здравството имаше цело лето да се подготви за есенскиот бран на КОВИД, но со месеци ништо не е направено. СДСМ не инвестираше во нови болнички капацитети, медицинскиот персонал не доби дополнителна награда за својот труд и посветеност, односот на менаџментот на болниците со вработените е лош. Власта го фрли целото здравство во хаос. И сега кога немаме ден, а бројот на заболени да не е неколку стотина, власта не знае што да прави. СДСМ политизираше се. Власта ја политизираше и Комисијата за заштита од заразни болести, одлуките се политички, а не стручни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека комисијата за заразни болести, од сам почеток ја води погрешно работата, без план и стратегија, само да се задоволат апетитите на власта. Тоа предизвика Македонија да нема втор есенски бран, туку континуиран бран со пикови, кои се секој ден се поголеми.

-Одговорност за аматеризмот кој ја донесе државата до хаосот предизвикан од КОВИД на здравствено и економско поле мора да има, стои во партиското соопштение до јавноста.

Најнови вести

Коронавирус