понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 23
home Вести

Брнз по извештајот на „Транспаренси“: Борбата против корупцијата останува критично важна задача за земјата

Брнз по извештајот на „Транспаренси“: Борбата против корупцијата останува критично важна задача за земјата

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, на Фејсбук напиша дека корупцијата ја загрозува меѓусебната доверба едни во други, во Владата, правдата и економијата.

Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ во 2020 година е јасен сигнал дека борбата против корупцијата останува критично важна задача за Северна Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство, вели амбасадорката на САД во земјава.

-Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества- меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата“, напиша таа на својот фејсбук-профил, коментирајќи го извештајот на „Транспаренси интернешенал“.

Македонија го дели 111-тото место на рангирањето за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на „Транспаренси интернешнл“ заедно со БиХ, Монголија и Панама, што е најлошо рангирање од 2001 година откога земјава првпат беше ставена на ранг-листата.

Во однос на рангирањето од 2019 година, бележиме пад од пет места иако имаме ист број индексни поени, додека БиХ бележи пад од седум места, со што двете земји се најлошо рангирани во регионот на Западен Балкан.

ЕУРО 2020

Македонија