среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Брнз по блокадата од Бугарија: Ние ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани

Брнз по блокадата од Бугарија: Ние ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз, денеска уште еднаш порача дека САД се разочарани од тоа што Република Северна Македонија не ги започна пристапните преговори со ЕУ и рече дека ќе продолжат со нивните дипломатски ангажмани за остварување на оваа цел.

„Прво сакам да кажам дека ние сме разочарани од фактот што Република Северна Македонија не ги започна пристапните разговори со ЕУ и ние постојано ја испраќаме пораката дека Република Северна Македонија е подготвена и ги има исполнето сите услови. Ние ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и ќе го истакнуваме нашиот став дека иднината на Република Северна Македонија во продолжување на процесот кон ЕУ и сметаме дека само на тој начин може да се реализира она што ние планираме да се оствари“, изјави амбасадорката одговарајќи на новинарско прашање што очекуваат САД во наредниот период по последната блокада од Бугарија.

Брнз разочарувањето на САД го искажа и минатата недела во обраќањето на Економскиот форум што се одржа во Скопје.

Коронавирус