петок, 14. мај 2021. Вести денес: 102
home Вести

Брнабиќ во прва посета на Македонија, вечерва доаѓа во Скопје

Брнабиќ во прва посета на Македонија, вечерва доаѓа во Скопје

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва доаѓа во Скопје, каде ќе учествува на работната вечера која ја организираат високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбеднoсна политика Федерика Могерини и македонскиот премиер Зоран Заев, соoпштија од кабинетот на Брнабиќ, објави МИА.

-Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев организираат вечера за премиерите на земјите од регионот на Западен Балкан, на иницијатива на високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика за време на нејзината посета на регионот, се наведува во кратката најава од кабинетот на Брнабиќ за нејзината прва посета во Македонија.

Најнови вести

Коронавирус