недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Британскиот сој на коронавирус го затвори Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид- термините откажани

Британскиот сој на коронавирус го затвори Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид- термините откажани

Сите термини од платформата „Мој термин“ се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Петнаесетина вработени во оваа здравствена установа се болни од Ковид -19. Од нив дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог.

-Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.

Коронавирус