понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 41
home Вести

„Брифинзите од СДСМ за некаква борба за амнестија се лаги од епски размери“

„Брифинзите од СДСМ за некаква борба за амнестија се лаги од епски размери“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој го предводеше преговарачкиот тим на вчерашната лидерска средба, на прес-конференција денес оцени рече дека изјавите и брифинзите на СДСМ по лидерската средба се измислици кои имаат цел дефокусирање на вниманието од вистинските причини за непостигнување договор.

-Сосема свесно почекав СДСМ и нивните мегафони да изнесат еден куп лаги, невистини и манипулативни брифинзи за лидерската средба вчера. Сите тие информации би ги оценил како лаги од епски размери. Овие невистини можев да ги претпоставам и пред почетокот на средбата. Не треба да биоде човек генијалец за да сфати како размислуваат погрешни и исплашени луѓе како овие вчера спроти мене. Луѓе кои не сакаат владеење направото и правда, бегаат од соочување со законите, затоа што нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство кое вчера беше рпедмет на разговори. А сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупција и криминал, рече Мицкоски на прес-конфренцијата.