понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 103
home Вести

Бремена жена од Авганистан префрлена на ГАК во Скопје

Бремена жена од Авганистан префрлена на ГАК во Скопје

Првата група од 149 граѓани од Авганистан преку Грузија синоќа пристигна на скопскиот аеродром.

Првата жена што се симна од авионот е во 39-тата недела од бременоста и со возило на Итна медицинска помош е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје.

Раководителката на Итната медицинска помош Милица Бубало истакна дека според информациите, меѓу патниците имало уште четири трудници.

–Солидарноста која што ја најавувавме веќе неколку дена денеска ја демонстрираме на дело и им овозможуваме топло добредојде на оние што им е најпотребна. Бројката за која што ние имаме дадено согласност досега и за кое што има барање е околу 750 граѓани пред се жени и деца на вработени во овие меѓународни организации, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД.

Локални избори 2021