сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 58
home Вести

БРАВО НАРОДЕ: Собрани се 100.000 евра, малата Анастасија заминува на лекување

БРАВО НАРОДЕ: Собрани се 100.000 евра, малата Анастасија заминува на лекување

Средствата во висина од 100.000 евра потребни за лекување на малата Анастасија Ризова од Пирава се собрани, потврдија нејзините родители.

„Драги хумани луѓе Сакаме да Ве информираме дека потребните финансиски средства за нашата АНАСТАСИЈА благодарение на сите вас се обезбедени.
Со Огромна почит ви се заблагодаруваме на хуманоста, што ни дозволивте да се бориме за животот на нашето мило дете, да може како и сите останати дечиња да се радува заедно со мама и тато, 
Катица и Ристе Ризови.

ОД СРЦЕ ВИ БЛАГОДАРИМЕ“, напишаа родителите на малата Анастасија на Фејсбук.

Малата Анастасија од Пирава, Валандово се бори со тешка форма на тумор, родителите бараа донации за операција и лекување во Турција.

Македонците повторно докажаа дека се хуман народ!

На Анастасија и посакуваме успешна операција!

Најнови вести

Коронавирус