четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 114
home Вести

БРАВО ХУМАН НАРОДЕ: Парите за лекувањето на Кристијан се собрани, неговата мајка со емотивна порака

БРАВО ХУМАН НАРОДЕ: Парите за лекувањето на Кристијан се собрани, неговата мајка со емотивна порака

Парите за лекување на малиот Кристијан Андреев се собрани. Поради хуманоста на нашиот народ, ова детенце ќе замине на лекување.

Семејството и тој наидоа на нов проблем, но се надеваме дека наскоро конечно ќе започне лекувањето.

Мајката на Кристијан ја контактираше редакцијата на КУРИР со порака за благодарност до сите наши читатели кои преку вестите објавени на нашиот портал дознаа за потребите и донираа.

Редакцијата на КУРИР му посакува на Кристијан многу брзо да биде подобар и да ужива во детството како неговите другарчиња.

Весна, мајката на ова дете херој, објави емотивна порака:

„Почитувани познати и непознати ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот.
Сакам да упатам НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ граѓани на Република Македонија,македонците од дијаспората и сите луѓе од целиот свет што дониравте а со тоа помогнавте да ги собереме потребните средства за да може Кристијан да замине на лекување во Истанбул.
Исто така би сакала да ве информирам дека секогаш работите не одат како ние што посакуваме, зошто да биде ЕДНОСТАВНО кога може да биде КОМПЛИЦИРАНО, па така првата интервенција мораше на кратко да се одложи затоа што Кристијан има проблем со коагулација на крвта.
Но Кристијан е мојот борец
Знам дека ќе ја победиме секоја препрека и ќе му докажеме дека вредеше многу повеќе, благодарение на СИТЕ ВАС.
Моја ДОЛЖНОСТ е благовремено да ве информирам за сите понатамошни збиднувања, зошто БЕЗ ВАС оваа мисија едноставно ќе беше невозможна.
Се надевам дека на крај се ќе биде како што треба и кога ќе се вратиме ќе може сите заедно да прославиме.
Се надевам дека тогаш Кристијан ќе биде нашиот почесен гостин кој лично ќе може ви се ЗАБЛАГОДАРИ.
Не постои пишан збор кој ќе може да ја искаже мојата благодарност, што и да се каже ќе биде премалку освен да посакам ЗАЕДНО да продолжиме да помагаме таму каде што е најпотребно зошто заедно сме НАЈСИЛНИ и само заедно МОЖЕМЕ и невозможното да го направиме возможно“-пишува таа.