сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Братучедот на Драган Вучиќ кој се излекува од Ковид 19 даруваше крвна плазма

Братучедот на Драган Вучиќ кој се излекува од Ковид 19 даруваше крвна плазма

Братучедот на популарниот пејач и водител Драган Вучиќ, кој пред повеќе од еден месец почина поради компликации од Ковид 19 на скопската Инфективна клиника, Благоја Вучиќ донираше крвна плазма, откако претходно беше излекуван од заразниот корона вирус, објави фокус.мк

Тој заедно со Драган на почетокот на мај биле хоспитализирани на Клиниката за Инфективни болести, позитивни на Ковид 19. Благоја Вучиќ бил со средно тешка клиничка слика, со наод на бели дробови и ставен на кислородна поддршка. Тој е со крвна група А-позитив. Сепак, неговата здравствена состојба се подобрила, ја победил битката со вирусот и во текот на вчерашниот ден дарувал крвна плазма со цел да се спасат повеќе пациенти кои се носители на опасниот вирус.

Пред некој ден, доктор Кристијан Богданоски од Итната медицинска помош од Македонски Брод, кој ја доби битката со корона вирусот даруваше крвна плазма, а крвна плазма даруваше и еден од првите заразени лекари во Куманово, доктор Мирослав Бошковски, кој исто така го прележал вирусот.

Пред две недели крвна плазма донираа и двете ќерки на најстарата пациентка, која се излекува од Ковид 19, како и млада девојка од Скопје, која го победи вирусот по поминати 17 дена во болница.

На 14 јуни, од министерството за здравство информираа дека е обезбедена крвна плазма за 23 пациенти заразени со корона вирус.

Од Министерството упатуваат апел до сите кои биле инфицирани да даруваат плазма, за побрзо да се спречи ширењето на овој непредвидлив вирус.

Коронавирус