среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Братучед на генсекот на влада и кумашинот на Заев во “медиумски спин” за продажба на идентитетот?

Братучед на генсекот на влада и кумашинот на Заев во “медиумски спин” за продажба на идентитетот?

Според фотографиите објавени од „Слободен печат“, учесниците можат да се избројат на прсти, а дополнително, поголем дел од нив исто како и пред Владата, се членови на раководството на партијата. Малиот број на подржувачи на еден протест покажува мала подршка за реториката на организаторот која е бучна но никако да успее на терен, вака гласи еден он могубројните текстови на порталот фронтлајн.мк, а како автор на веста се потпишува А. Зеќири.

Дали авторот на текстот е во роднинска врска со генсекот на Владата, Муахед Зеќири а кој е кумашин на премиерот Зоран Заев, при што ова вест претставува „медиумски спин“, а со цел да се изманипулира со македонската јавнос и во овие тешки времиња кога се преговара за националниот идентитет и историјата да се одработи во корист на владата предводена од СДСМ.

На сите им е јасно, а посебно и на провладините медиуми, зошто протестите се организираат во овој формат, па на секој можен начин се обидуваат да ја изманипулираат македонската јавност, со наслови од типот „Мицкоски нема поддршка“, „Народот не ги подржува протестите“…

На власта јасно му е дека доколку ВМРО-ДПМНЕ го повика народот и тоа како ќе има масовност на истите. Провладините медиуми ја тераат агендата на власта, ама добро знаат дека протестите од ваков формат со блокади на раскрсници и протести со автомобили се организираат поради безбедносни причини, а со цел да се спречи ширењето на корона вирусот помеѓу народот.

Треба да се напомене дека народот во Македонија е огорчен и разочаран од политиките на Заев и неговите послушници, а доказ за тоа се и изјавите на видни членови на СДСМ кои се дистанцираат од Заев, меѓу кои и поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски, кој што го замрзна своето членство во истата.

Коронавирус