среда, 4. август 2021. Вести денес: 55
home Вести

Братот на Бобан Николиќ ја објави целосната снимка од прегазувањето на малиот Алмир (ВИДЕО)

Братот на Бобан Николиќ ја објави целосната снимка од прегазувањето на малиот Алмир (ВИДЕО)

Братот на Бобан Николиќ, Бојан, на Youtube ја објави целосната снимка од трагичниот настан во Куманово, кога беше прегазен 4-годишниот Алмир Алиу, пред две години на 25 јуни 2016 година, пренесе Ако.

Бобан Николиќ оттогаш се наоѓа во притвор, а во меѓувреме започна судскиот процес за дело убиство, но подоцна обвинителство , според се уште непотврдени информации, го преквалификувало делото во убиство без умисла или сообраќајна несреќа со смртни последици.

-Снимката е од почеток , а не како претходната едитирана и поставена на  youtube , со цел брат ми да се прикаже како убиец. Јасно се гледа како влегуваме во возилото и до нас дотрчуваат Седат Алиу и неговите браќа, ја кршат шофершајбната , а ние во обид да ги избегнеме, продолжуваме право, тие трчајќи не бркаат, завршивме во слепа улица и да се вратиме назад несакајќи, за жал, удривме во столбот каде што стои малиот Алмир. Две години поминаа, брат ми се уште е во притвор, со цел да се осуди за убиство со умисла, а јасно се гледа на снимката дека се работи за несреќен случај. Единствениот виновник за смртта на детето е неговиот татко Седат Алиу, пишува Бобан Николиќ.

Во продолжение целосната снимка од трагичниот настан, веројатно користена во судскиот процес:

Коронавирус