петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 119
home Вести

Брашно има, граѓаните да не трупаат залихи, порачуваат мелничарите

Брашно има, граѓаните да не трупаат залихи, порачуваат мелничарите

Залихи на брашно има за цел месец, за 30 дена, а веќе од петокот интензивно се увезува пченица за навреме да се обезбедат и дополнителни количини, соодветно на потребите, изјави за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската групација при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

Тој апелира граѓаните да не создаваат паника и да не купуваат резерви.

-На последните два состанока во Министерството за финансии известивме дека, според наша проценка, залихите кај приватните млинови се за околу еден месец, 30 дена. Пченица за производство на брашно од Србија можеме да увезуваме, како и од Бугарија и од Унгарија. Всушност, од регионот нема забрана за увоз на пченица. Регионалните влади усвоија протокол за возачите-транспортери. Тие терба да се придржуваат до протоколот за да не бидат во карантин како другите патници и за да функцонира размената, истакна Малишиќ.

Според него, цената на пченицата е зголемена последните два месеца и поскапувањето на брашното од десет до 15 е во кнтекст на тоа зголемување.

-Цената не е зголемена поради коронавирусот, туку уште пред тоа. Најголемите зголемувања на цените се всушност во малопродажбата, односно кај трговците, а не кај млиновите, потенцира претседателот на Групацијата.

Коронавирус