вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 50
home Вести

Божиновски: Заев требаше да одговори на повеќе прашања, а не постојано да се оправдува со ЕУ и НАТО

Божиновски: Заев требаше да одговори на повеќе прашања, а не постојано да се оправдува со ЕУ и НАТО

Во вечерашниот ТВ дуел, премиерот Заев постојано повторуваше ЕУ и НАТО. Не се ЕУ и НАТО волшебното стапче, оценува Владимир Божиновски.

Аналитичарот вели дека има и други држави кои се членки на ЕУ и НАТО, некои подобро, а некои полошо ја искористиле таа шанса.

-Не можеме да одиме со тоа вечно оправдување дека решение за сè се ЕУ и НАТО. Тоа не е точно. Од друга страна, нивото и количеството на информации кои очекував да ги добијам повеќе од премиерот, беше незадоволително. Заев е премиер, очекувањата беа многу поголеми, тој да одговори на многу прашања, оценува тој.

Божиновски посочи дека ЕУ бара реформи, а не бара Катица Јанева да остане на својата функција.

-Ако подготвите закон, а потоа тој закон го промените по барање на вашиот коалиционен партнер, нормално е дека ако барате поддршка од опозицијата дека треба да прифатите. Треба да се најдат помеѓу. Политиката е компромис, јас не видов компромис од страна на власта, порача Божиновски.

Коронавирус