четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 127
home Вести

Божиновски: Заев ги искористи сите случаи како „Монструм“ да ги придобие граѓаните со ноторни лаги, затоа сега има фрустрација од народот

Божиновски: Заев ги искористи сите случаи како „Монструм“ да ги придобие граѓаните со ноторни лаги, затоа сега има фрустрација од народот

Токму сегашниот премиер, а тогашен лидер на опозиција тврдеше дека има докази кои што ќе ја покаже невиноста на извршителите на случајот „Монструм“. Исто така беше и со случајот со Никола Младенов, исто како што беше случајот и со Тамара, исто како што беше случајот и со „Диво Насеље“ во Куманово. Значи се тоа беше искористено за да се добие одредена симпатија од народот кон тогашната опозиција, а сегашна власт,појасни Владимир Божиновски гостувајќи во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Божиновски додаде дека се од тоа што го кажуваше сегашен премиер, тогашен претседател на опозиција излезе ноторна лага.

– Сите од тие случаи излегоа ноторна лага. Воопшто не е точно дека имало некаква вмешаност на тогашната власт. И затоа се сега луѓето исфрустрирани, јас можам да ги разберам, рече Божиновски.

Божиновски посочи дека дополнително така беше и за случајот Мартин Нешковски, не само што се виде дека нема никаква поврзаност луѓето кои што беа на високи позиции од тогашната власт, туку и човекот кој што го изврши тоа дело беше ослободен од страна на Заев.

ЕУРО 2020

Македонија