четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 200
home Вести

Божиновски за случувањата во македонско-бугарската комисија: Власта врши притисок за да се подрие македонскиот идентитет и да им се удоволи на бугарските барања

Божиновски за случувањата во македонско-бугарската комисија: Власта врши притисок за да се подрие македонскиот идентитет и да им се удоволи на бугарските барања

Она што сакаш да биде однос од државата кон опозиција треба да го обезбедиш кога си на власт, рече аналитичарот Владимир Божиновски на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа коментирајќи го односот на полицијата кон новинарската екипа на Инфомакс.

Сопственикот и новинар на порталот Инфомакс на својот профил на Фејсбук објави дел од вибер преписките за која ВМРО-ДПМНЕ обвини дека група полицајци се координираат за локалните избори во корист на СДСМ. Митовски пишува „вака изгледа демократијата во Македонија, со нарачки да “изживувај се колега ќе бидеш награден”, “застани ги и знаеш што да правиш”, на новинарите на Инфомакс кои само професионално си ја вршеа својата работна задача во Прилеп“.

Според Божиновски за ваква работа се покренува случај и министерот за внатрешни работи дава оставка.

-Закани имаше за градоначалникот кој вече е избран за Прилеп, исто е и со градоначалникот, кандидат за Куманово на кој му се закануваат. Вака не се постапува ова е 21 век, вели Божиновски.

Божиновски се осврна и на заедничката историска Комисија со Бугарија.

-Очигледно власта врши притисок за да се подрие македонскиот идентитет и да им се удоволи на бугарските барања. Потегот на професор Георгиев не изненади никого, и сега институциите нешто демек се оградуваат. Но, факт е дека има контиунитет на притисоци на власта, вели Божиновски.

Коронавирус