петок, 4. декември 2020. Вести денес: 109
home Вести

Божиновски во Псача: Граѓаните му одбројуваат на Заев и ја чекаат обновата

Божиновски во Псача: Граѓаните му одбројуваат на Заев и ја чекаат обновата

Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го посети селото Псача, во општина Ранковце.

-Разговарав со дедо Дине, со Ласте, со Анита и со уште многу други жители од тој крај, ни ги отворија капиите на дворовите за да им ја најавиме Обновата, но и да ни дадат совет како заеднички да го вратиме достоинството на државата, да си ги задржиме младите да не заминуваат, да си ја подобриме живеачката. Не кријат дека се разочарани, лути, дека се подготвени на 12-ти април да го казнат криминалот, лагите и манипулациите. Не се воздржуваат да кажат дека Заев е виновен за се, за безбројте неправди и понижувања, за безмилосно поигрување со човечки судбини, за национално предавство. Доста им е! Му одбројуваат на Заев и потенцираат – СДСМ и Заев никогаш повеќе, истакна тој по средбата.

Коронавирус