сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски во посета на Крива Паланка: Граѓаните нетрпеливо го чекаат 12 април, да казнат, допринесат и помогнат во Обновата на Татковината

Божиновски во посета на Крива Паланка: Граѓаните нетрпеливо го чекаат 12 април, да казнат, допринесат и помогнат во Обновата на Татковината

Денеска со Обновата ги посетив селото Луке и Жидилово во Крива Паланка, по што одржав состанок со Општинскиот изборен штаб во Крива Паланка, напиша членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски.

-Се сретнавме со голем број скромни, чесни, достоинствени луѓе, со скромно секојдневие, но огромна љубов кон Татковината.
Тие се АТИЏЕ!
Тие се РАШЕЛА!
Тие се МАКЕДОНИЈА!
Не глумат како Оливер,
не условуваат како Заев,
не играат како Рада,
не рекетираат како Ременски,
не лажат како Дескоска,
не манипулираат како Царовска…
Излажани се, манипулирани и разочарани, но и подготвени да вратат соодветно на лагите, на националното предавство, на раскрчмувањето и криминалот.
Нетрпеливо го чекаат 12 април, да казнат, допринесат и помогнат во Обновата на Татковината, додава Божиновски.

Коронавирус