недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ е најуспешна во економијата со привлекување на странски инвестиции и намалување на невработеноста

Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ е најуспешна во економијата со привлекување на странски инвестиции и намалување на невработеноста

Најатрактивна е економијата. Значи луѓето прво гледаат за својот личен бенефит и на своето семејство. Значи она што како предност во економскиот сектор го има ВМРО-ДПМНЕ е тоа што тие беа многу успешни во привлекување на инвестиции, во намалување на невработеноста и некако самата перцепција кај граѓаните што ни ги даваат има поголема шанса да се спроведат, вели Директор на ИПИС Владимир Божиновски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Божиновски потенцираше дека довербата кај граѓаните се стекнува врз основа на исполнување на ветувањата кои што политичарите ги даваат пред граѓаните, укажувајќи дека СДСМ не спроведе ништо од ветувањата односно како што рече ништо не спроведе или пак направи сосема спротивно до тоа што о ветувала.

За жал ние видовме голем број на ветувања од владата на СДСМ од кои што ниту една не спроведе или го направи токму спротивното во повеќе области. И сега релевантноста на ветувањата на власта е буквално сведена на нула. Видете што говореа 2016 а видете што се случи потоа, се колнеше некој во жици со рака на срце, нема устав да се менува, правда ќе имало за сите, ќе се дознае вистината за Мартин Нешковски, вистината за Тамара, за Смилковски езеро. Се дозна вистината за Тамара никој го не го спомена тоа од медиумите кои што претходно беа многу гласни за обвинување на тогашната власт. Еве за Мартин Нешковски се поливаше црвена боја на плоштадот за да се докаже колку е навистина грозоморно тоа убиство и на вистина е грозоморно тоа што се случи, за потоа сегашниот премиер кој што беше дел од тие протести да го ослободи убиецот и тој е ослободен од негова страна и веќе не е во затвор. Сите оние ветувања кои што беа давани во 2016 година или не се остварија или се направи сосема спротивното, така да за да имате доверба во некој вие треба да пратите какви се претходните ветувања, така се стекнува доверба, нагласи Божиновски.

Коронавирус