вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 159
home Вести

Божиновски: Власта го изгуби легитимитетот, затоа распишаа избори

Божиновски: Власта го изгуби легитимитетот, затоа распишаа избори

Во емисијата „Само вистина“ гостуваше Владимир Божиновски кој посочи дека оваа влада мислеше дека ќе добие датум за преговори за ЕУ без да спроведе реформи, и уште сето на тоа се случија низа скандали кои не можат да се не забележат. По ова власта го изгуби легитимитетот, распиша избори, и се соочија со нов проблем, што ќе ветат на граѓаните бидејќи сменија име, а датум не добија.

„Владата идеше исклучиво на картата добивање датум и ништо повеќе. Еден куп работи, еден куп реформи требаше да се спроведени, не беа спроведени. Еден куп скандали се случија, значи не е само „Рекет“ скандалот, него претходно колку скандали имаше, цела редица. Еден по друг се ниже, и сето тоа се покриваше на еден начин датумот, датумот“, појасни Божиновски.

Божиновски додаде дека тука е и начинот на кој што беше променето името во Собрание, начин на кој што беше спроведе референдумот. И начинот на кој што беше договорен референдумот, самите преговори и сето тоа се покриваше со кршење на Устав, кршење на Собраниски деловници. Тука е и законот за двојазичност како помина. Значи имаше сериозен упад на Уставот и законите. А, Уставот и законите се основата за функционирање на државата.

„Ако тој што ги донел Уставот и законите не ги почитува, тогаш што да каже обичниот граѓанин. И сето тоа беше фрлено на картата датумот-датумот. Се заборави на се друго. Се беше фокусирано на датумот и сега кога не го добивме датумот, едноставно се изгуби причината за владеење на актуелната власт. Им се изгуби легитимитетот, се потпираа односно целиот свој легитимитет на владеење и одлуките ги носеа ги базираа на тој датум“, нагласи Божиновски.

Коронавирус