петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: Шилегов им прави задоволство на Грците со изјавите за уривање на споменикот на Александар

Божиновски: Шилегов им прави задоволство на Грците со изјавите за уривање на споменикот на Александар

Шилегов со особен апетит ги дава изјавите за уривање на споменикот на Александар Македонски, надвор на Грците им прави некакво задоволство, вели архитектот Вангел Божиновски за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија, коментирајќи го интервјуто за грчките медиуми на скопскиот градоначалник Шилегов, кој изјави дека споменикот на Александар треба да се урне.

– Шилегов решава да урне споменик на човек кој е неизбришлив и еден од столбовите на светската цивилизација. Кој е тој човек што се осмелува да го урива споменикот на Александар, кој има споменици не само кај нас, туку по цел свет? Зошто на тие држави не им паѓа на памет да го урнат?, прашува Божиновски

Тој нагласи дека Шилегов треба да престане со тие реченици кои фрлаат лошо светло за сите граѓани на Македонија и на сите кои некогаш постоеле и живееле како Македонци на оваа територија.

– Изјавите за уривање на одговараат на функцијата градоначалник, градоначалник треба да биде некој кој ќе се залага за нешто да се изгради. Тој споменик во овој момент е најголемиот споменик на Александар кој претставува восхит за мнозинството луѓе како наши така и странци и носи воодушевување, и претставува изворно македонска традиција, потенцира Божиновски.

Најнови вести

Коронавирус