недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Божиновски: Сега воопшто никој нема никаква доверба во судството

Божиновски: Сега воопшто никој нема никаква доверба во судството

На телевизиската дискусија вечерва на Телевизија 24, политичкиот аналитичар и директор на ИПИС, Владимир Божиновски,во однос на случувањата последниов период во Македонија, особено за спорните случаи, истакна дека перцепцијата кај луѓето е дека воопшто сега никој нема никаква доверба во судството.

-Кај луѓето се приметува и во самите истражувања дека собранието ја изгуби довербата, судството одамна ја изгуби довербата кај луѓето, сега го допре „дуплото дно“, сега воопшто никој нема никаква доверба во судството, но и собранието коешто имаше некаква доверба од луѓето сега истата исчезнува, собранието е сега машина за гласање за оној којшто е на власт, вели Божиновски.

Тој истакна исто така дека никој не го спорел законот за ЈО дека треба да се донесе, спорни беа одредени одредби, но и фактот што мислењата на професорите експерти од правниот факултет не беа земени во предвид.

-Она што можеше да се направи за законот за ЈО и сите повикувавме на истото, е политичките партии да седнат и да се договорат, малку европско однесување во Македонија, не само во битноста на носењето на законот, туку особено за начинот на којшто тој закон требаше да се донесе, рече Божиновски.

Тој вели дека со последните случувања во собранието каде се виделе јасни притисоци и закани во однос на носењето на законот за ЈО во парламентот ја менува перцепцијата кај луѓето за се поголема недоверба во парламентот како институција.

Коронавирус