среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Божиновски: Се ништат корените на Македонија со ова што го бара Бугарија, се има целосна тајновитост околу преговорите, власта упорно молчи

Божиновски: Се ништат корените на Македонија со ова што го бара Бугарија, се има целосна тајновитост околу преговорите, власта упорно молчи

Едно 12 пати според власта „добивме“ датум, па кај е датумот? Каде е почетокот на преговорите, запраша Владимир Божиновски во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Божиновски додаде дека кога Бугарија виде како Заев се дава на Грците, нормално е дека и тие ќе бараат повеќе.

-Се ништат корените на Македонија со ова што го бара Бугарија, ние после знаете што ќе бидеме територија со население без држава. Ќе се уништи Македонија како нација. Јас година дена го велам следново дека нема ние што да преговараме со Бугарија, ЕУ нека си преговара со Бугарија затоа што ветувањата кои што ни беа дадени на нас после договорот и пред договорот во Преспа беа дека со потпишување на тој договор Македонија ќе започне преговори. Зашто сега се префрла топката од едни тешки преговори и понижувања да одиме на втори уште потешки преговори и понижувања, рече Божиновски.

Божиновски посочи дека власта беше предупредена дека оваа ситуација со Бугарија ќе се случеше, но власта не послуша навреме и сега со ова се соочува Македонија.

-Не сум сигурен дали има доволно притисок кон Бугарија за да се тргне ветото евентуално САД. Проблемот е што САД не се во ЕУ, САД се во НАТО и затоа влеговме во НАТО, истакна Божиновски.

Божиновски потсети дека опозицијата веќе долго време бара затворена седница за да се разговара со Владата околу проблемот со Бугарија, но власта останува глува и не сака да се одржи затворена седница.

-Опозицијата бара да има затворена седница, а никој не ја дава. Никој не знае што се случува со преговорите со Бугарија, нагласи Божиновски.

Тој дури укажа дека во моментов се има целосна тајновитост на преговорите со Бугарија, јавноста и опозицијата со ништо не се запознаени.

-Сите информации што ги добиваме од тие преговори се од бугарска страна. Парламентот треба да биде информиран за сите чекори околу овој процес. Никој не е информиран за процесот. Исто се случува како со преговорите со Грција, потсети Божиновски.

Коронавирус