среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Божиновски: СДСМ издава објекти кои се во сопственост на државата

Божиновски: СДСМ издава објекти кои се во сопственост на државата

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека имаат случај каде сомневањата се дека СДСМ, Сојуз на борци на НОВ и Сојуз на синдикати на Македонија во Куманово изнајмуваат на правни субјекти, имот кој е во сопственост на Република Македонија и кириите ги собираат во сопствените каси.

-Сомневањата се дека наведените организации без документ и право на сопственост се ставаат во функција на сопственик на имот кој е во сопственост на граѓаните. Имено, објектот кој се води на катастарска парцела 17651, каде се наоѓаат објектите во состав на поранешен комитет со имотни листови 15107 и 72960, според катастарот се во сопственост на Република Македонија, градоначалникот Максим Димитриевски тврди дека сосопственик на зградата е СДСМ со уште два правни субјекти. Во моментов може да се забележат повеќе правни субјекти кои се под кирија во зградата на Република Македонија, а просториите ги изнајмуваат од СДСМ, Сојузот на борци на НОВ и Сојуз на синдикати на Македонија, изјави Игор Божиновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

Тој праша како е ова можно, СДСМ да изнајмува простории на други правни субјекти, каде што сопственици се државата и општината?

-Ова се случува повеќе од 27 години. Кумановци ги интересираат одговорите на следните прашања: СДСМ да покажат како и на кој начин и со каков договор ги издаваат просториите од поранешениот комитет? Колкава сума пари на граѓаните одат во касата на СДСМ, во другите организации и во чии џебови конкретно се слеваат парите? Дали ова е уште еден начин на СДСМ за испумпување на парите на граѓаните изминативе 27 години? Врз основа на каков валиден правен документ СДСМ се смета за косопственик на зградата на поранешен комитет во Куманово и кога имаат намера да го отстапат објектот на општината?, праша Божиновски.

Божиновски потенцираше дека ова е груба узурпација на објект на државата, доделен на користење на општина Куманово, од страна на СДСМ. Според него ова е уште еден начин на израмнување на партијата и државата.

-Ги повикуваме Јавното обвинителство и останатите институции да го утврдат текот на парите од кириите сите овие изминати години. Наши сознанија велат дека изминативе 27 години се свртеле огромна сума на пари на овој начин. Кумановци не заслужуваат вакви локални шерифи. На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат!, изјави Божиновски.

Најнови вести

Коронавирус